Предавач
Дали сте посетиле курс, изгледале туторијали, сте пробувале да се префрлите на Revit, но повторно сте се враќале на стариот “добар” AutoCAD?
Проблемот не е во ВАС, туторијалите или курсот. Проблемот е во пристапот.
Дозолете да ви објаснам во кратки црти.
Правилниот пристап е да научите да ги користите вистинските алатки на правилен начин и да понесете со себе основно знаење на кое ќе можете да се надградувате понатаму, без да осетите потреба повторно да се вратите на AutoCAD за да ги довршите вашите проекти.
Oвој курс, се базира на конкретен проект (станбена зграда во Македонија) во кој ќе научите да го користите Revit на вистинскиот начин и најбрзо да се стекнете со знаењето – како да изработите основен проект во Revit
Овде ќе научите од почеток за навигација низ Revit, како низ моделот, така и низ проектот, како да ги поставите нивоата, мрежата, конструкцијата, ѕидовите ( со слоеви ), плочи, скали, прозори, покрив, рампи и компоненти.
Паралелно додека го работите моделот, ќе научите како да ги користите анотациите : котирање (линиски и висински коти), површини ( бруто и нето должини, квадратури и волумени) и табели, количини, описи на материјали, легенди, падови, креирање на ваши формати со печат и поставување на цртежите на тие формати со печатење во pdf.
3 пати неделно понеделник, среда и петок од 18:00 до 19:30
Промотивната цена за овој курс е 500€.
Mожност за tailored tutorial конкретно скроен спрема потребите на Вашата компанија во кој,
на крај ќе се креира темплејт за Вашата компанија.
Контактирај не на телефон 075309310, е-мејл [email protected]
или преку контакт формаta